Утрински Весник
Македонија

Јавниот превоз забранет од 21 до 5 часот

Времен режим на сообраќање на автобусите од јавниот превоз во Карпош 3 и 4

Скопје, 23 март 2020 (МИА) – Владата на вечерашната 26 седница донесе одлука да се забрани движење на возила од јавен превоз на територијата на целата држава во период од 21 часот до 5 часот односно додека трае полицискиот час.

Од ноќеска полицискиот час се скратува за еден час и наместо до 6 ќе трае до 5 часот наутро.

Воведена е и нова забрана за две возрасни категории – за лица постари од 67 години, кои не смеат да излегуваат од дома од 11 часот претпалдне до 5 часот наутро, и за млади до 18 години, за кои движењето надвор е забрането од 21 часот до 12 напладне. хс/са/

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија