Утрински Весник
Македонија

ДПА бара двојно поголеми плати за медицинскиот персонал

ДПА бара двојно поголеми плати за медицинскиот персонал

Тетово, 23 март 2020 (МИА) – Претседателот на ДПА Мендух Тачи, побара двојно поголеми плати за медицинскиот персонал и намалување на личните доходи само кај високите функционери. Ова го  истакна на денешната прес-конференција заедно со партиската комисија за здравство околу актуелната состојба со коронавирусот.

-Мислам дека економската ситуација од ден на ден ќе станува драматична. Нашата препорака е сите плати на високите функционери, раководители на институции, пратеници и министри и слично, да се намалат за 50 отсто. Плати на администрација и на учителите и професорите да не се намалуваат. Платите на лекарите и сите здравствени работници два пати да се зголемат затоа што треба се стимулира што повеќе лекари и медицински листи кои што не работат да се пријават да работат, истакна Тачи.

Во има на партиската комисија за здравство тој ја критикуваше работата на тетовската Клиничка болница и Центарот за јавно здравје.

-Директорот на Клиничка болница на конференција имаше несериозно однесување. Ние како партија и претседател и колега сум загрижен, немаме доволно информации, не слушнавме кој е кризен штаб, кои се лекарите, кои се специјалистите. Го повикувам министерот за здравство да ја посети болницата затоа што е Универзитетски клинички центар во Тетово, на Одделнието за инфективни болести да се види колку кревети и легла, колку имаме соби спремни за интензивина нега, колку имаме респиратори за 270 илјади жители во тетовскиот регион. Според наши информации има еден респиратор. Мислам дека тоа е загрижувачко, рече Тачи.

Според него ДПА има кадровски потенцијал на медицински лица кои се подготвени да ги преземат сите одговорности додека трае ситуацијата и да отстапат кога ќе се изборат со проблемите. ас/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лефков: ЈО да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети, кој заработувал милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата

СДСМ: Скандал, фирма на Божиновска должела речиси 1 милион евра на МЕПСО

Мицкоски со поголема плата од премиерите на Србија, Црна Гора, БИХ и Косово