Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Надминат е проблемот со превозот на пролетната зелка од Струмичко

Надминат е проблемот со превозот на пролетната зелка од Струмичко
300x250 opst2

Струмица, 23 март 2020 (МИА) – Надминат е проблемот со превозот на пролетната зелка од Струмичко, откако по појавата на коронавирусот поголем број превозници останаа без возачи заради задолжителната изолација од две недели, информираат откупувачите.

Се пожалија пред неколку дена дека откупените количини не можат да ги транспортираат до извозните дестинации, но проблемот со недостиг на возачи бргу беше решен.

-Имавме состојба да има камиони, а да нема возачи. Два камиони натоварени со зелка не можеа да тргнат два дена, бидејќи се чекаше на дозволите. Деновиве проблемот е надминат и откупените количини ги пласираме на пазарите. Се надевам дека така ќе остане и во наредните денови, рече Благој Витанов, трговец од Струмица.

Пролетната зелка во Струмичко се откупува по 30 денари за килограм. На почетокот на сезоната има интерес, но трговците предупредуваат на внимателност, посебно во шпицот на производството кон крајот на овој и почетокот на идниот месец.рт/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Со Светската банка лоциравме над 14 милиони евра за локални улици, следат дополнителни 2,5 милиони евра

Алиу: Лекарската комора ме извести дека е истечена лиценцата на доктор Кузмановски

Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори