Утрински Весник
Македонија

Во Делчево во тек е изработката на 6.000 заштитни маски за потребите на граѓаните

Во Делчево во тек е изработката на 6.000 заштитни маски за потребите на граѓаните

Делчево, 23 март 2020 (МИА) – Во Делчево во тек е изработката на 6.000 парчиња заштитни маски од платно за повеќекратна употреба. Платното за изработка на маските го обезбеди Општина Делчево
која договори приватна конфекција од Делчево да ги сошие бесплатно за потребите на граѓаните.

Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, информираше дека дел од платнените заштитни маски за лице ќе добијат вработените во неколку институции и установи во Делчево.

– Благодарност до нашиот сограѓанин Миле Иванов и делчевската фирма „Милтекс-кал“ каде деновиве интензивно се шијат платнени заштитни маски за лице. Тие ќе бидат донирани за потребите на делчевската полиција, здравствените работници, вработените во царинската испостава Делчево, на пожарникарите, на сите ученици од основно и средно образование кои ќе бидат поделени преку нивните класни раководители и мобилни тимови формирани од општината, на децата од Дневниот центар, на Здружението на пензионери и на сите лица од социјално ранливите категории, рече Трајковски.

Ги повика и другите фирми од Делчево да покажат иницијатива и на свој начин да ја покажат својата хуманост и општествена одговорност.

-Во преговори сме и со други текстилни фабрики, за да во најкраток можен рок се изработат уште околу 8.000 парчиња со цел граѓаните да се снабдат со заштитни маски со што граѓаните ќе бидат
поподготвени во борбата против вирусот Ковид-19, додаде Трајковски.

Маските според предвиденото за споменаите категории граѓани ќе почнат да се дистрибуираат од денеска. вс/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?