Утрински Весник
Македонија

Пожар во Старо Нагоричане, горела пилана

Пожар во Старо Нагоричане, горела пилана
Dik 300x250 mk

Куманово, 23 март 2020 (МИА) – Кумановските пожарникари, вчера гаселе два пожари, на пожар во пилана и на „дива“ депонија во село Романовце, а имало и шумски пожар, пренесува Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Пожарникарите интервенирале во село Старо Нагоричане во месноста викана Гелинце на опожарена пилана за преработка на дрво каде изгорела поголема количина на дрвена маса.

Пожарникарите го гаселе пожарот скоро два часа од 11:20 до 13:35 часот.

На „дивата“ депонија во Романовце горела запалена сува трева и отпад, пожарникарите интевренирале скоро еден час по 18 часот.

– Од лице за контакт со шумско стопанство Куманово  известени сме дека во изминатото деноноќие  од 18:00 до 16:00 часот бележат шумски пожар во село Лукаре на опожарена нискостеблеста деградирана шума и дабова шума  со површина од пет хектари, интервенирале со едно возило со пет вработени на Шумско Стопанство Куманово- се вели во информацијата на Регионалниот центар за управуавње со кризи. ам/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Трошоците за живот растат без контрола а владата не презема ништо

Итно да се укине мерката за евтаназија на кучиња со лајшманиоза

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени