Утрински Весник
Економија

Танасоски: Увозот и извозот на стоки регуларен и без никакви попречувања

Танасоски: Нема прекин во системот за обработка на царински декларации, шпедитерите го блокираа со користењето на портал за трговци

Скопје, 23 март 2020 (МИА) – Увозот и извозот на стоки во земјава оди регуларно и без никакви попречувања, порача денеска директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

– Увозот и извозот на стоки од земјава оди регуларно, протокот на стока е регуларен и нема никакви попречувања. Секое зголемување на увозот е добредојдено за нас, но сакам да информирам дека имаме и зголемен извоз кај кондиторската индустрија што е многу добро за нашата економија, рече Танасоски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој прецизира дека веднаш по прогласувањето на вонредната состојба и претходно со воведувањето на рестриктивните мерки Царинската управа заедно со министерствата за економија и за финансии и Државниот пазарен инспекторат направи анализа на увозот на сите неопходни продукти за кои за одреден дел има забрана за извоз, а на другиот дел е дозволен слободен извоз за да нема штета кај компаниите.

Податоците од анализата, како што кажа, покажале дека увозот и извозот одат регуларно и оти има регуларен проток на стоки без никакви попречувања. вј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025