Утрински Весник
Спорт

И Австралија го откажа учествува на Олимписките игри ако не бидат одложени

И Австралија го откажа учествува на Олимписките игри ако не бидат одложени

Мелбурн, 23 март 2020 (МИА) – Австралискиот олимписки комитет соопшти дека нема да може да ги собере своите спортисти за Олимпијадата во Токио предвидена за јули оваа година.

– Австралискиот олимписки комитет одржа телеконференција на Извршниот комитет и едногласно донесе одлука дека австралискиот тим не може да се собере во вакви услови дома и во странство. Игрите не можат да се одржат во јули. Стресот и неизвесноста предизвикана од пандемијата на коронавирус ја прават подготовката исклучително тешка, се вели во соопштението.

Канада претходно објави дека нема да ги испрати своите спортисти на Игрите во Токио, Јапонија, доколку не бидат презакажани. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026

Галатасарај убедлив против Јувентус, ПСЖ со пресврт го совлада Монако

Стартува плејоф фазата во Лигата на Шампиони