Утрински Весник
Македонија

Снег на Стража, Пресека, Маврово, Попова Шапка, Плетвар, Кула и Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

Прекин на сообраќајот на магистралниот пат Делчево-Штип

Скопје, 23 март 2020 (МИА) – Сообраќајот на патиштата се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Стража, Пресека, Маврово, Попова Шапка, Плетвар, Кула и Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Ѓавато е намалена на 20 – 50 метри, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги повика директорите на АНБ и сите засегнати да подлежат на полиграф за наводното следење

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот

Полицискиот хеликоптер изминатите два дена фрли повеќе од 80 тони вода