Утрински Весник
Македонија

Ниту еден од персоналот на Ифективна клиника не е заразен со коронавирус

На Клиника во моментов се врши тестирање за корона вирус кај патничка која пристигнала од Милано

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Досега ниту еден од персоналот на Инфективната клиника во Скопје не е заразен со коронавирус. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека ист е пристапот кога се работи за луѓе кои биле во голем, среден или низок ризик со тие кои имаат дијагностицирано болест, позитивни на коронавирусот. Потсети дека има кол-центар кој веќе е во функција и смета дека комуникацијата со матичните лекари значајно ќе им олесни на пациентите.

– Кај својот матичен лекар, кој веќе ќе располага со оној електронски алгоритам, ќе може да утврди дали тој пациент е соодветен за тест или не. Согласно податоците, контактите, патувањата во странство, евентуален контакт со заболен… Од утре овој променет систем значајно ќе им олесни на граѓаните, рече Филипче.

Министерот за здравство информира дека се контактирни се сите оние на кои им бил направен тест. Објасни дека понекогаш минуваат 24 часа или помалку и додаде оти тоа ќе се расчисти утре.

-Не може да се земе материјал ниту пак има потреба на било кого, мора да има некакви епидемиолошки податоци. И тоа добро ќе го изменаџираат и матичните лекари со поддршка од епидемиолози од Институтот за јавно здравје. Значи доколку е земен материјал, тие или се контактирани или ќе бидат во рок од 24 часа. Материјалите во ИЈЗ се пуштаат во неколку наврати, во неколку групи, сега стигнуваат од целата земја. Од утре ќе има таков систем со кој се зголемува и капацитетот. На располагање е и лабораторијата во Ветеринарниот институт, која беше потврдено дека е со соодветен стручен капацитет и акредитација за таа работа, рече Филипче.

На поплаките од граѓаните кои доаѓаат од странство, дека со часови чекаат за да бидат преземени од граница до објектот за групен карантин во Демир Капија, дека со часови немат храна и вода, Филипче апелираше на трпеливост. Информира дека разговарале за ова и додаде оти ќе се вклучат и од МТСП и апелираше луѓето да бидат трпеливи. Капацитетот, како што рече, е голем, може да ги прими сите и ова правило мора да се почитува.

Прашан дали болницата во Кавдарци е ставена во карантин по случајот со заболената докторка и нејзиниот сопруг, Филипче рече дека се работи за Одделение за психијатрија и оти нема пациенти кои биле ставени во некаков ризик. Најави дека во текот на денот се очекуваат сите резулатите од материјалите кои биле земени вчера.

-Сите се во изолација. Во карантин е самиот оддел во рамки на болницата. Целосно и сосема нормално функционира останатиот дел од болницата, сите други одделенија. Контактирани се сите лекари кои биле примарни контакти и денеска ќе ги знаеме точните резултати, рече Филипче.

Министерот соопшти дека сите итни случаи и сите онколошки случаи се третираат,  а се одложуваат само оние интервенции кои можат да бидат одложени, кај кои нема потреба од итност, согласно одлуките на стручните колегиуми.

Прашан за начинот на кој се земаат брисеви во болницата „Жан Митрев“, Филипче рече дека веќе од утре, по состанокот со ФЗОМ и начинот на средување на соработка со болницата „Жан Митрев“, и тука ќе важи овиој систем на закажување и кол-центрите, односно пунктовите на кои стручно ќе се зема брис. Повеќе детали за ова најави утре.

Филипче информира дека е изготвен Протокол за тоа како треба да се организира работата во големите прозводствени капацитети каде има повеќе луѓе во една сала и кои критериуми треба да се запазат, во однос на дистанца, седење, заштитна опрема и сл. Информира дека Инспекторатите се на терен и работат деноноќно.

Во однос на новозаразените со коронавирус, Филипче рече дека биле во контакт со заболени или дека се лица кои допатувале од странство. Според него, новиот број заразени е очекуван и се движиме кон пикот. Смета дека мерките кои досега беа воведени даваат резулати, а очекуваат резултати и од нововодените мерки.

Филипче рече дека препораките важат за сите, за било која дејност, и за градежните работници и порача да се почитуваат Протоклите.

Министерот за здравство рече дека оние пациенти што се на лекување, по 14 дена ќе бидат тестирани за да се види дали се уште се носители на вирусот.

Филипче рече дека ќе се повтори постапката за набавка на респираторни машини. Посочи дека во јавното здравство има доволно машини, 120 во јавното здарсвтво, близу 85 од сите нив во Скопје. Една пациентка е на респираторна машина и смета дека таа резерва треба да се надополни.

Прашан за лицето од Куманово кое е позитивно на коронавирус, Филипче рече дека според првичните информации патувало во Италија. мд/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме