Утрински Весник
Македонија

Советници на ВМРО-ДМПНЕ во Делчево се откажаа од советничкиот паушал за март

Советници на ВМРО-ДМПНЕ во Делчево се откажаа од советничкиот паушал за март

Делчево, 22 март 2020 (МИА) – Советниците во Советот на општина Делчево од ВМРО – ДПМНЕ донесоа одлука да се откажат од советничкиот паушал за март и да го донираат во борбата против вирусот КОВИД-19.

Средствата од паушалот, како што информираше координаторот на советничката група Сашко Ивановски, ќе бидат донирани во здравството, социјалата, образованието, односно онаму каде советниците ќе проценат дека се најпотребни.

– Како координатор на Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, од името на  советниците Билјана Ѓоргиевска, Кристи Стојковски, Славица  Димитрова и Ванчо Велинов во Советот на општина Делчево, а потоа и како татко на две деца, како наставник, долгогодишен  активист, а пред се како човек, сакам да соопштам дека имајки ја предвид тешката ситуација предизвикана од вирусот КОВИД19, Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, консензуално одлучи паушалите за март да ги донира во борбата против оваа опака болест, со цел да ги ублажи последиците од неа, информира Ивановски.

Апелираше и ги повика сите други членови советници да ја поддржат оваа хумана иницијатива.

– Воедно предлагам, доколку борбата со оваа опака болест продолжи, сите безусловно да се откажеме од паушалите до крајот на борбата. Тоа е најмалку што можеме да направиме за нашите сограѓани, бидејки мандатот и довербата ни е даден од нив и имаме морална, граѓанска, а пред се човечка должност да се бориме, бидејки на тоа и се заколнавме на почетокот на мандатот, додаде Ивановски.

Од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ упатија поддршка до здравствените работници, полицијата, војската, вработените во маркетите, возачите и сите оние кои се во првите редови во борбата против коронавирусот. вс/ом

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим