Утрински Весник
Македонија

Општина Гази Баба продолжува со чистење и дезинфекција на јавните површини

Општина Гази Баба продолжува со чистење и дезинфекција на јавните површини

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Општина Гази Баба во рамки на акциите за одржување на хигиената на јавните површини, денеска стави акцент на спортските зони и верските објекти. Дезинфицирани се и исчистени сите детски и спортски игралишта, фитнес зоната во парк шумата Гази Баба, како и урбаната опрема на детското игралиште во ООУ „Григор Прличев”, и црквите и џамиите кои се на територија на општина Гази Баба.

Од Општина Гази Баба информираат дека мерки се преземаат и во сите месни и урбани заедници, пензионерскиот дом во Автокоманда, а започнале и со машинско чистење со мала и голема механизација обезбедена со помош на приватни компании кои ја ставиле на располагање за потребите на општината.

– Досега опфативме во Железара, Автокоманда и Ќерамидница мали сервисни улици, а од Трубарево до Дрма со голема механизација се чистеа и главните и сервисните улици. Извршивме и дезинфекција во просториите на Домот на културата “Димитар Влахов” во Автокоманда, библиотеката “Браќа Миладиновци” и објектот на УЗ Автокоманда, стои во соопштението од Општината.

Домот на културата „Димитар Влахов” согласно препораките во овој период, подвлекуваат, е затворен и одложени се сите активности, a eкипи на ЈКП Гази Баба ќе извршат повторно дезинфицирање на објектот пред неговото повторно отворање.

Од општинското јавно комунално претпријатие извршиле и рачно чистење и на плочникот пред кино Маџари, целосна дезинфекција на урбаната опрема на овој јавен простор, а извршиле и целосна дезинфекција на Сточниот пазар кој е времено затворен поради состојбата со корона вирусот.

Од Општина Гази Баба најавија дека и наредните денови ќе продолжат со одржување на чистотата во општината, следејќи ги препораките на Министерството за здравство и на Владата, со цел да се заштитат граѓаните и да се спречи ширење на коронавирусот преку јавните површини. цр/мч

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи