Утрински Весник
Македонија

Жител на липковско Отља починал, откако го затрупала земја додека санирал сопствен резервоар за вода

Малолетници извршиле насилство врз соученици во кумановско

Куманово, 22 март 2020 (МИА) – Седумдесет годишен жител на село  Отља, Општина Липково, починал вчера откако го затрупала земја, потврди МВР.  
– А.С работел на санација на резервоар за вода која ја користел за сопствени потреби, влегол во ископот длабок околу четири метри, при што бил затрупан од околната земја и починал на лице место. Настанот се случил вчера во 14:30 часот во атарот на село Отља  на местото викано „Краиште“, посочуваат од МВР.
Од полицијата информираат дека бил звршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.ам/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот