Утрински Весник
Македонија

Во Дебар и Центар Жупа се почитуваат владините мерки за заштита од коронавирусот

Во Дебар и Центар Жупа се почитуваат владините мерки за заштита од коронавирусот

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Изминатово деноноќие, безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, е стабилна. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и нема регистрирани сообраќајни незгоди. На терен, полициските службеници преземаат најстроги рестриктивни мерки со цел доследно спроведување на мерките на Владата и заштита на граѓаните и спречување на ширење на коронавирусот.

Како што соопшти МВР, непречено се реализираат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.

-Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти. Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини, наведува МВР.

Воедно апелира, граѓаните да се придржуваат до сите мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот. Сите кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик. мч/цр/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Загадениот воздух ни го краде вниманието и ги заматува емоциите, покажува ново истражување

Петровска ги повика директорите на АНБ и сите засегнати да подлежат на полиграф за наводното следење

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот