Утрински Весник
Македонија

Од Полска вратени седум македонски државјани, одат во задолжителен карантин

Засилени мерки за заштита од коронавирусот на аеродромите во Скопје и Охрид

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Седуммина македонски граѓани од Полска денеска со полски хуманитарен чартер чет се вратија во земјава и веднаш се  проследени во задолжителен карантин, соопшти на Фејсбук министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Ја информирам јавноста дека денеска во утринските часови на Меѓународниот аеродром Скопје слета полски хуманитарен чартер лет за да си ги врати дома полските државјани затечени во Северна Македонија. Во соработка со полското МНР, понудивме враќање во земјата на македонските државјани во Полска кои побарале помош преку нашата Амбасада во Варшава. Од вкупно 33 пријавени, 7 граѓани се согласија да бидат во задолжителен карантин и денес се вратија. Добредојдовте дома! Благодарност до Полска!, напиша Димитров на ФБ.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври