Утрински Весник
Македонија

Регистрирани нови 29 случаи на коронавирус

Регистрирани нови 29 случаи на коронавирус

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова, бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. Во Скопје 22, Штип три лица, Дебар двајца, Куманово едно и Охрид лице.

Според местото на живеење, соопшти денеска Министерството за здравство, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти.

Седум пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна – добра здравствена состојба. Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив, 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа се уште е на респираторна машина.

Пациенти кои се на домашно лекување, стои во соопштението од МЗ, се во постојан контакт со лекарите. цр/мч

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЈП до угостителите: Издавајте фискални сметки и регистрирајте ја готовината

Почнува уписот во средните училишта за 2025/2026 – од утре прво електронско пријавување во јуни

Апасиев: Сите уапсени полицајци се наведени во кривичната пријава против Мицкоски