Утрински Весник
Македонија

Статистички податоци за коронавирусот до 20 март 2020

Статистички податоци за коронавирусот до 20 март 2020

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Институтот за јавно здравје ги информира граѓаните за статистиката со вирусот КОВИД-19 во земјава, но и во светски рамки.

Статистичките податоци може да се прочитаа на линкот http://www.iph.mk/covid19-21-3-2020/.

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА заклучно со 20 март 2020

На 20.03.2020 година, пријавени се вкупно 18 нови случаи на COVID-19 од 4 градови – Дебар (n=7), Скопје (n=6), Штип (n=3) и Кавадарци (n=1).

Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 20-29 и 50-59 години (по 5), а во однос на дистрибуцијата по пол, 10 се женски и 8 машки.

Хоспитализирани се две лица, а останатите се на домашно лекување (асимптоматски или со лесна клиничка слика).

Кај 3 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 16 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на пријавени на 20.03.2020 година, 12 се потврдени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, додека 6 се потврдени во приватна лабораторија. Во лабораторијата во ИЈЗ направени се вкупно 92 тестирања.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 20.03.2020, пријавени се вкупно 85 случаи на COVID-19 (I=4,1/100.000).

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 6 градови, Скопје (n=43), Дебар (n=34), Штип (n=4), Кавадарци (n=2), Гостивар (n=1) и Охрид (n=1).

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 43 лица од машки пол и 42 лица од женски пол или сооднос машки – женски 1:1. Специфичниот морбидитет по пол кај машките е 4,1/100.000 жители, додека кај женските изнесува 4,1/100.000 жители.

Возраста на заболените се движи од 4 до 87 години (медијана – 46,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 19 (22,4%), а највисока специфична инциденца од 6,5/100.000 жители се регистрира кај лицата на возраст од 50-59 години. мч/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пониква ги задоволува условите за лекување, 45 повредени од пожарот во „Пулс“ ја започнаа рехабилитацијата

Протетичарка од Словенија ќе им помага на повредените од Кочани

ИЈЗ со препораки за претстојниот топлотен бран