Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Точната и навремена информација од официјални и релевантни извори сега е исклучително важна

Спасовски: Точната и навремена информација од официјални и релевантни извори сега е исклучително важна

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски утрово на својот фејсбук профил напиша дека Владата продолжува да им ги создава сите услови на медиумите за успешно и професионално работење во хуманитарна криза.

Според Спасовски, точната и навремена информација од официјални и релевантни извори сега е исклучително важна.

-Сакам особено да им се заблагадорам и на медиумите, на поголемото мнозинство од нив, на новинарите, снимателите, фото репортерите, на сите медиумски работници, за нивниот придонес во оваа наша заедничка борба. Тие се многу значаен фактор во борбата за спречување на ширењето на вирусот. Продолжуваме да им ги создаваме сите услови да продолжат успешно да ги остваруваат нивните професионални задачи во справувањето со оваа хуманитарна криза. мч/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина Душко Чифлиганец по борбата во болница!

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред

Во Чешка во несреќа тешко повреден бизнисменот Душко Чифлиганец