Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Владата најави дека денеска во 11:00 часот прес-конференција ќе одржи вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска.
Новинарите може да ги испратат прашањата на lidija.jancovska@mod.gov.mk со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака дека прашањето се однесува за оваа прес-конференција.
Прашањата треба да пристигнат најдоцна 15 минути пред почетокот на закажаната прес-конференција. На прес конференцијата ќе бидат одговорени 10 прашања, едно прашање по медиум. мч/