Утрински Весник
Македонија

Владата со сменет Деловник за работа, ако има потреба ќе одржува седници на интернет или телефонски

Владата со сменет Деловник за работа, ако има потреба ќе одржува седници на интернет или телефонски
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Во случај на итна и неодложна потреба за одржување седница на Владата, претседателот може да ја отвори и води седницата со употреба на комуникациски средства (телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки).

Ова е една од одредбите на изменетиот и дополнет Деловник за работа на Владата, донесен на вчерашната седница.

Промената на владиниот Деловник за работа предвидува и, ако има итна и неодложна потреба, колегиум да одржат државните секретари, исто така со примна на комуникациски средства.

-Генералниот секретар може да го отвори и води колегиумот со употреба на комуникациски средства (телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки), наведува владината прес-служба.

Согласно измените, во случај на итна и неодложна потреба за одржување седница на работните тела на Владата, претседателот на работното тело може да ја отвори и води седницата со употреба на комуникациски средства (телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки). мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЛДП: Измените на Кривичниот законик се само уште едно „крпење” на правниот систем

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM се исплашени зошто се дозна дека лажат за мигранти, Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ не е неуставна

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината