Утрински Весник
Македонија

Во Делчево 70 лица во самоизолација, дезинфициран граничниот премин

Во Делчево 70 лица во самоизолација, дезинфициран граничниот премин

Делчево, 21 март 2020 (МИА) – Во насока на спроведување на мерките за заштита на населението од вирусот КОВИД-19, извршена е дезинфекција на граничниот премин Делчево. Активностите се реализираа во соработка со Територијалната противпожарна единица Делчево како дел од мерките усвоени од Регионалниот штаб за кризи.

-Ваквата дезинфекција ќе биде повторена уште неколку пати на граничниот премин Делчево, но и на останати јавни површини како во градот, така и во селските средини, информираа надлежните.

Последните бројки покажуваат дека вкупно 70 лица досега се наоѓаат во самоизолација во Делчево.

-Бројката на тие лица е во пораст, дополнително во понеделник ќе биде соопштено колку нови лица имаме во самоизолација. За среќа засега немаме лице заразено со КОВИД-19, се надеваме така и ќе остане, додаваат од Регионалниот штаб за кризи во Делчево.

Општинските власти продолжија со дезинфекција на објектите и јавните површини. Апелираат граѓаните и натаму да ги следат препораките и да останат дома. вс/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”