Утрински Весник
Македонија

Во општина Пустец распределена помош за најсиромашните семејства

Во општина Пустец распределена помош за најсиромашните семејства

Пустец, 21 март 2020 (МИА) – Во општина Пустец, Мала Преспа денеска 65 семејства кои се во најнеповолна економска состојба добија прехрамбен артикли, средства за одржување хигиена и лекови.

Во распределбата на помошта беа вклучени ученици од гимназијата во Пустец.

-Голема благодарност до донаторот кој замоли да не го соопштуваме неговото име, но израдува 65 најсиромашни семеjства, информираат од Општината, во која во девет населени места живеат над пет илјади Македонци.

Додаваат дека во рамки на превентивните мерки кои ги препорачува албанската Влада и Министерството за здравстсво, извршена е дезинфекција во објекти на јавни површини.

-Извршивме дезинфекција на училиштата, болницата, здравствените амбуланти, автобуси кои вршат меѓуградски сообраќај, работни простории, објектот на локалната самоуправа, црквите по селата, како и големата црква „Свети Архангел и Михаил“ која се наоѓа во центарот на Пустец, додаваат од Општина Пустец.

Апелираат до жителите строго да ги почитуваат сите мерки на надлежните за да се спречи проширувањето на коронавирусот. вт/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двете лица од Врапчиште се приведени и по извршен службен разговор се пуштени

Филипче-Ле Риголер: Евроинтеграцискиот процес мора да продолжи, Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ 

ДА МУ СЕ ДАДЕ МОЖНОСТ НА ПОВИКОТ ЗА ОБЕДИНУВАЧКА ПЛАТФОРМА