Утрински Весник
Македонија

Општина Маврово и Ростуше ќе изврши дезинфекција на сите населени места

Општина Маврово и Ростуше ќе изврши дезинфекција на сите населени места

Дебар, 21 март 2020 (МИА) – Ќе се изврши дезинфекција на сите населени места во Општина Маврово и Ростуше. Оваа одлука е донесена на денешната попладневна седница на Кризниот штаб за спасување од коронавирусот на Општина Маврово и Ростуше, со кој раководи градоначалникот Медат Куртовски.

Исто така договорено е ЈПКД „Маврово“ и локалната самоуправа во соработка со месните заедници да извршат чистење на центрите на сите населени места за што ќе се направи распоред, а штабот навремено ќе ги информира граѓаните за тоа кои села кој ден ќе се чистат.

-Го повторуваме апелот до граѓаните строго да ги почитуваат препораките дадени од Владата, како и наредбата за самоизолација. Седи дома, читај книги и спаси живот! Само преку дисциплина и разум можеме да го победиме овој вирус!, стои во објавата на Кризниот штаб.

Се додава дека на состанокот присуствувале и директори на институции како и Зенула Елези, сопственик на фирмата „Техно Блок“од Скудриње, кој изразил желба да излезе во пресрет на институциите и народот во оваа кризна состојба. Оваа фирма претходно веќе обезбеди прехранбени и други артикли за семејствата со потешка социоекономска состојба.

Како што за МИА потврди градоначалникот Куртовски, во оваа општина во домашна изолација се шеесеттина лица. вт/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”