Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција во селата и приградските населби во Куманово

Дезинфекција во селата и приградските населби во Куманово

Куманово, 21 март 2020 (МИА) – Општина Куманово спроведува дезинфекција и во селата и приградските населби, објави денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. И во овие средини, исто како и во урбаната средина, се врши дезинфекција на автобуски постојки, детски игралишта, садовите за смет.

Вчера по втор пат, беа поставени средства за дезинфекција на повеќе јавно прометни повшини на плоштадите, кејот, кај базенот. Досега извршена е дезинфекција и на двата плоштади, Занаетчиски дом, на улици низ градот,во училишта, урбана опрема, автобуски постојки, детски катчиња, тениски игралишта, катна гаража и други јавни површини, како заштитна мерка против состојбата со корона вирусот во Куманово.

– Почитувани сограѓани, да останеме дома, да ги почитуваме препораките на Владата и на општина Куманово. Нашата дисциплина и разумност се најбитни во овие моменти, да останеме дома, бидејќи од тоа зависи нашето здравје и здравјето на заедницата-повикаа од општината.

Претходно дезинфекција е извршена на двата зелени пазари, на осумтте објекти на градинките и на 22-те училишта. По петти пат заседавше и општинскиот кризен штаб кој препорача редуциран линиски превоз за вршителите во јавниот превоз, носење заштитина опрема за таксистите и апелираше до граѓаните да не се собираат во група од пет пред маркети и аптеки.

Општината пред една недела воведе и општинска асистенција за немоќни и болни лица во која учествуваат екипи на Црвен Крст, а учество најавија и од здружението „Кумановски акцијаши“. ам/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег