Утрински Весник
Македонија

Општина М.Каменица со нови мерки за справување со Ковид-19

Општина М.Каменица со нови мерки за справување со Ковид-19

Македонска Каменица, 21 март 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица се одржа нов состанок на Кризниот штаб за спречување и ширење на заразата со вирусот Ковид -19, на кој е разгледана моменталната состојба во нашата држава. Во согласност со мерките и препораките на Влада на Република Северна Македонија, на состанокот, како што информираа надлежните, беа донесени низа препораки и заклучоци.

– Донесовме заклучок дека МВР треба да продолжи со комплетирање на списокот на повратници во земјава од странство кои се со постојано место на живеење во општина Македонска Каменица, вршење редовни контроли за одредбите поврзани со работењето на трговските објекти, како во градската, така и во руралните средина. Упативме апел до родителите на учениците, истите да бидат задржани во сопствените домови. Истиот апел се упатува до сите граѓани, со цел да се придржуваат кон последните мерки на Владата, со што сите заедно ќе помогнеме во спречувањето на  ширење на Коронавирусот, информираа надлежните.

Во зависност на потребите и насоките на делување на Општинскиот кризен штаб, помошно-техничкиот персонал во образовните установи и вработените во јавната администрација во општина Македонска Каменица ќе бидат времено ангажирани во активностите за заштита и спречување од зараза со Ковид-19.

– Исто така согласно последните донесени мерки на 23. седница на Владата, МВР се задолжува при секое поголемо собирање на граѓани во група од над 4 лица, истите да ги растерува. Воедно останува апелот до граѓаните до колку забележат повратници од странство кои не ја почитуваат забраната за движење со 14 дневна изолација во домашни услови веднаш да пријават на телефонскиот број 192 на МВР или на 0800 00 201. Останатите заклучоци и препораки се објавени на официјалната страна на општината, додадоа од Локалниот кризен штаб.

На состанокот, присутните директори и раководители информираа и за извршената дезинфекција на сите јавни локални установи и подрачни канцеларии во соработка со Центарот за јавно здравје – Кочани. Директорот на ЈП „Камена Река“ информираше за степенот на извршена дезинфекција во градската и селските средини, за кондицијата на механизацијата и човечките ресурси со кои располага претпријатието во моментот. вс/ цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Хуманитарен концерт на Ансамблот Вања Лазарова

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година