Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Санкции за секој кој нема да ги почитува мерките

Спасовски: Санкции за секој кој нема да ги почитува мерките

Скопје, 21 март 2020 (МИА) – Државните инспектори продолжуваат интензивно да работат на терен, со цел да гарантираат целосно почитување на мерките на Владата за заштита од КОВИД-19, порача преку фејсбук премиерот Оливер Спасовски.

– Секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран, без исклучок. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат, вели Спасовски.

Владата на синоќешната седница ја задолжи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и пpeпopaки за воведување најстроги рестриктивни мерки во врска со спречувањето, внесување и ширење  на коронавирусот (забрана и посебен режим на движење на територијата на државата а време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраста). Предлог мерките ќе бидат разгледани на денешната владина седница.

Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата, пак, се задолжени да направат детален оперативен план за спроведување на најстроги рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата, со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот Ковид – 19. цр/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Загадениот воздух ни го краде вниманието и ги заматува емоциите, покажува ново истражување

Петровска ги повика директорите на АНБ и сите засегнати да подлежат на полиграф за наводното следење

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот