Скопје, 21 март 2020 (МИА) – Во текот на изминатата недела (13.03 – 19.03.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 76 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 15 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 61 возило по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Контролорите на зонските паркиралишта, соопштија денеска од Град Скопје, во истиот период санкционирале вкупно 132 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 15 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. цр/