Утрински Весник
Македонија

Попладнево дијагностицирани шест лица позитивни на коронавирус, вкупниот број 76

Попладнево дијагностицирани шест лица позитивни на коронавирус, вкупниот број 76

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Министерството за здравство информира дека попладнево се дијагностицирани шест лица позитивни на коронавирус. Со ова вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76.

Во текот на денов, потврдени се и двајца сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште едно лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.

Како што соопшти вечерва Министерството за здравство, досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Излегол од домот во Кисела Вода и му се губи трагата – се бара Трајан

Комбе се запали во Кисела Вода

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари