Утрински Весник
Македонија

Побарана парична казна за жител на Чегране кој ја прекршил мерката за самоизолација

Општина Гостивар планира да оддели пари од буџетот за уште три спортски клубови

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Жител на Чегране вчера ја прекршил задолжителната самоизолација и си прошетал низ селото, поради што Основното јавно обвинителство Гостивар до Основниот суд во Гостивар поднело предлог за издавање казнен налог за лицето за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

-Обвинетиот од 13 март бил должен да биде во задолжителна домашна самоизолација во траење од 14 дена, но не постапил според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на заразната болест предизвикана од вирусот Ковид 19. На 19 март тој излегол од неговиот дом во селото Чегране и се движел низ населеното место, при што бил затекнат од полициски службеници, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител побара од Судот да му определи на обвинетото лице парична казна во износ од 10 до 100  дневни глоби заради непочитување на задолжителните здравствени мерки. бк/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двете лица од Врапчиште се приведени и по извршен службен разговор се пуштени

Филипче-Ле Риголер: Евроинтеграцискиот процес мора да продолжи, Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ 

ДА МУ СЕ ДАДЕ МОЖНОСТ НА ПОВИКОТ ЗА ОБЕДИНУВАЧКА ПЛАТФОРМА