Утрински Весник
Македонија

Вработен во МВР позитивен на коронавирусот

МВР го документирала случајот со постот на Б.Т. и го информирало Обвинителството

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Информатичар во Одделот за информатика и телекомуникации во Министерството за внатрешни работи е позитивен на коронавирусот – Ковит 19, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју на Канал 5.

-Веќе се пратени луѓе во самоизолација, а со Институтот за јавно здравје, по препораките, извршена е дезинфекција во сите простории во кои што бил, истакна Чулев.

Министерот информираше дека Меѓународната полициска асоцијација во нашата држава на полицајците им поделила заштитна опрема и средства за дезинфекција. Чулев додаде дека МВР распишало тендер по скратена постапка за набавка на заштитна опрема. бк/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче