Утрински Весник
Македонија

Општина Струмица ги затвори детските игралишта и спортски терени

Општина Струмица ги затвори детските игралишта и спортски терени

Струмица, 20 март 2020 (МИА) – Мобилните тимови на општина Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска ги затворија сите детски игралишта, спортски терени и летниковци во Градскиот парк и пред станбените објекти, информираа вечерва од општината.

-Со тоа општина Струмица ги проширува мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, се вели во информацијата.

Реквизитите и влезовите во игралиштата и спортските терени се излепени со лента, а од општината апелираат до граѓаните да се воздржат од користење на овие објекти, бидејќи така ќе го заштитат сопственото и здравјето на другите граѓани. рт/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Кој е Следен?“ со герила акција пред „Идризово“: „Правда мора да има. Ве гледаме!“

Судијката Груевска Илиевска со силна порака на стартот на процесот: Ќе дојдеме до вистината и до правдата, бараме дисциплина и без одложувања

Гледајте го судењето за дискотеката “Пулс” во живо (ВИДЕО)