Утрински Весник
Спорт

Одложено и пливачкото ЕП во Будимпешта

Базените – можност за разладување за скопјани

 Будимпешта, 20 март 2020 (МИА) – Европското првенство во пливање, што требаше да се одржи од 11 до 24 мај во Будимпешта, е одложено за август поради пандемијата на коронавирус, објави денеска Европската пливачка федерација (ЛЕН).

Новиот термин за ЕП е 17 – 30 август, или една недела по летните Олимписки игри во Токио.
Претседателот на ЛЕН, Паоло Барели притоа рече дека не е исклучена можноста и за преместување на ЕП во 2021 година, ако ситуацијата со коронавирусот не се подобри во наредниот период.

„Во оваа фаза е тешко, речиси невозможно, да се испланира точен датум. Затоа се договоривме со унгарските организатори да ја преиспитаме ситуацијата кон крајот на мај или почетокот на јуни“, рече Барели. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо