Утрински Весник
Македонија

Побарана парична казна за лекар кој не ги почитувал здравствените прописи во Кавадарци

Нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе предлог за издавање казнен налог за едно лице, за продолжено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

– Обвинетиот, лекар во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци, постапувал спротивно на Одлуката донесена на 12-та седница на Владата на Република Северна Македонија од 28.02.2020 година, според која сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, доколку во последните две недели патувале или живеат со некој што патувал во ризична земја за ширење на коронавирусот Ковид-19, треба да не доаѓаат на работа и за тоа да ја известат институцијата во која работат, се наведув во соопштението од Обвинителството.

Имено, и покрај упатствата дадени директно од страна на специјалист-епидемиолог да останат целото семејство во домашна изолација од 14 дена поради патувањето на нивната ќерка, која на 6 март се вратила од Италија, обвинетиот во периодот од 10 март до 20 март продолжил да оди на работа во болницата каде е вработен како доктор. На 10 март заедно со неговата ќерка правеле анализи на Одделот за микробиологија и биле во амбулантата за уво, нос и грло во Кавадарци.

Основното јавно обвинителство Кавадарци му предложил на Основниот суд во Кавадарци на обвинетиот да му изрече парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од по 45 евра во денарска противвредност. дма/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024

Спречени обиди за криумчарење ловечка муниција, цигари и брендирана облека, а спречен е и обид за нелегален изнес на девизи

Тешко повреден мотоциклист, изгубил контрола и удрил во паркирано возило