Утрински Весник
Македонија

Мобилни тимови на Црвениот крст во градовите, достапни телефони за помош

Мобилни тимови на Црвениот крст во градовите, достапни телефони за помош

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Црвениот крст на Република Северна Македонија од појавата на коронавирусот во земјава презема превентивни активности меѓу населението како и помош и поддршка на најранливите категории.

Во 15 градови формирани се мобилни тимови кои се активни секој ден и чија задача е неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и нив да ги достават до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните лица, до семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории на граѓани.

Мобилните тимови се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош. Сервисната услуга што ја обезбедуваат мобилните тимови е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат финансиски средства само за артиклите или лековите што  треба да им се набават.

Целта на оваа активност е да им се овозможи поддршка на лицата на која таа им е најнеопходна, со што тие ќе немаат потреба да ги напуштаат своите домови и на тој начин да се намали ризикот од инфицирање со вирусот Ковид-19 (корона вирус).

Дополнително се врши дистрибуција на хуманитарна помош за бездомници и се спроведува кампања за подигање на свест преку дистрибуција на постери за промоција на хигиена и заштита од коронавирус.

Црвениот крст им се заблагодарува на сите граѓани за довербата и за сета поддршка која ја добива, како и за интересот за вклучување во нивните активности во услови криза.

Црвениот крст ги наведува броевите за контакт во општинските организации:

Во седум градови се отворени и линии за психосоцијална поддршка:

хс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024

Спречени обиди за криумчарење ловечка муниција, цигари и брендирана облека, а спречен е и обид за нелегален изнес на девизи

Тешко повреден мотоциклист, изгубил контрола и удрил во паркирано возило