Утрински Весник
Македонија

Петмина скопјани обвинети за непостапување според здравствените прописи

Даночна инспекторка од Кавадарци обвинета за примање поткуп

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – За петмина скопјани, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица, сите за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. До Судот е предложено секој од нив да плати казна по 2.000 евра.

Како што соопштија од ЈО, по пристигнување од земји со висок и среден ризик на 16, 17 и 18 март, секој од обвинетите потпишал изјава со која прифатил да се самоизолира во својот дом во период од 14 дена. Но, при проверките направени на 18 и 19 март, од страна на овластени службени лица, не биле затекнати на наведените адреси.

– Обвинетите, иако должни да ги имплементираат мерките определени во Писмена наредба на Министерството за здравство за сузбивање или спречување на епидемијата на коронавирусот – Ковид-19, како и обврската од потпишаните изјави за самоизолација, не постапиле согласно предвиденото, со што го сториле кривичното дело, се истекнува во соопштението. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почнува изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница – Тетово“

Таравари ги објави кандидатите: Лимани останува во Гостивар, Рамадани трча за Сарај

Каде патуваат Македонците најмногу за летните одмори: Грција води, но Албанија брзо го стигнува врвот