Утрински Весник
Економија

Скопјанец ги доби клучевите од BMW X1 од инстант лозот Мини и макси

Скопјанец ги доби клучевите од BMW X1 од инстант лозот Мини и макси

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Небојша Стошиќ од Скопје е добитник на автомобил BMW X1 од инстант лозот Мини и макси на Државна лотарија на Македонија, а кој денеска му се предадена клучевите.

Стошиќ е верен играч на Лото 7, и како што вели не поминува коло без да ги уплати своите среќни броеви, но исто така секогаш купува инстант лозови каде што главната премија е автомобил.

Среќниот лоз го купи во продажното место „Саде – С“ во Скопје што ги изгребал после неколку дена. Купил неколку, а еден од неколкуте лоза му ја донел главната премија од Мини и макси и атрактивниот BMW X1.

Инстант лозот Мини и макси нуди пет автомобили MINI One и 10 автомобили BMW X1, како и многу парични добивки. скс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ССМ: Борбата за повисоки плати продолжува, осудени нападите од „квази синдикалци“

ВМРО-ДПМНЕ жестоко ја напаѓаше мерката, а сега признава дека МојДДВ е од полза за граѓаните

СДСМ: Ние го вративме К-15 за административците