Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Ќе се вложат максимални сили за справување со предизвиците со кои се соочува светот заради пандемијата, а главен фокус ќе се стави на обезбедување непречен транспорт на стоките и враќање на затекнатите граѓани низ светот, во матичните земји.
Ова беше заеднички констатирано од телефонскиот разговор што министерот за надворешни работи, Никола Димитров вчера и денеска го имаше со своите колеги, министрите за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, Албанија, Гент Цакај, Бугарија, Екатерина Захариева, Црна Гора, Срѓан Дармановиќ и Австрија, Александер Шаленберг.
Темата на разговорот беше и олеснувањето на процесот на поврзување – интерконективноста меѓу земјите во периодот на кризата, со крајна цел помош на граѓаните.
–Заеднички беше констатирано дека ќе се вложат максимални сили за справување со предизвиците со кои се соочува светот заради панедемијата, со главен фокус на обезбедување непречен транспорт на стоки, соопшти Министерството за надворешни работи.
Министрите, како што се наведува во соопштение, истакнале дека ќе сторат се’ што е во можностите на нивните надлежности и дека континуирано ќе се залагаат за државите да преземаат активности на координиран начин и врз основа на принципите на солидараност. бт/ац/