Утрински Весник
Економија

АХВ: Пазарете во најблиските продавници за да го скратите времето надвор од домот

Зголемен прометот во трговијата на мало

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Пазарете во најблиските продавници, бидејќи со тоа го ограничувате и скратувате времето на движење надвор од домот. Задржете се што пократко во продавницата, со тоа што ќе направете список дома за вашите потребни намирници и така ќе го скратите времето на престој во продавниците за храна. Доколку е возможно обезбедете маска и ракавици и користете ги за време на пазарењето.

Ова се само дел од препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) упатени до граѓаните согласно актуелната состојба со коронавирусот во земјава.

Според АХВ, при пазарењето, најдобро е граѓаните да изберат прехранбени производи кои вообичаено ги купуваат.

-Со тоа, не морате детално и целосно да ги читате иформациите од етикетите, бидејќи тие етикиети од претходно ви се познати. Задолжително направете визуелен преглед на амбалажата или производот, проверете дали амбалажата е оштетена и проверете ги органолептичките својства. Задолжително проверете го и датумот на производство, односно рокот на траење.  По завршување на пазарењето и излегувањето од продавница, дезинфицирајте ги рацете со препорачано средство за дезинфекција. Користените ракавици за еднократна употреба по напуштањето на продавницата фрлете ги во канта за отпадоци, порачува АХВ. мч/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите, вели Мицкоски за унгарскиот заем

По Божик ќе биде исплатен вториот заем од 500 милиони евра од Унгарија, најави Мицкоски

Економски форум „Трка до дното“ – Транспарентност на државната помош за привлекување и поддршка на инвестиции во Западен Балкан