Утрински Весник
Економија

„Волво“ привремено ги затвори фабриките во Европа и САД

„Волво“ привремено ги затвори фабриките во Европа и САД

Гетеборг, 20 март 2002 (МИА) – Шведскиот производител на автомобили „Волво“, што е во сопственост на кинеската корпорација „ Гили“, денеска соопшти дека привремено ја прекинува работата во своите европски и американски фабрики за да го ублажи влијанието на пандемијата од коронавирусот .

Со затворањето на фабриките погодени ќе бидат околу 25.000 вработени во Шведска, 6.500 во Белгија и 1.500 во САД, пренесе порталот „ Локал Свиден“.

-Нашата главна грижа е здравјето на вработените и иднината на нашето работење, порача главниот извршен директор Хакен Самјуелсон.

Производството во белгиската фабрика во Гент беше запрена во вторникот, а трите погони во Шведска, како и фабриката во Јужна Каролина ќе бидат затворени на 26 март.

Административниот персонал од 26 март главно ќе работи од дома и тоа со скратено работно време.

Компанијата соопшти дека производството во Белгија ќе биде обновено на 5 април, а во останатите погони на 14 април. сд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ќе се осмели ли Владата конечно да ги ограничи цените на основните продукти?

(Видео) Министерката за финансии одела и гасела светла по канцеларии навечер, немале ни кафе на работа

Берзата во август: Ова се компаниите со најтргувани акции