Утрински Весник
Македонија

Негативен е тестот на медицинското лице од Гевгелија

Негативен е тестот на медицинското лице од Гевгелија

Гевгелија,20 март 2020 (МИА) – По вчерашните шпекулации дека едно медицинско лице вработено во гевгелиската Општа болница е позитивно на коронавирусот, врз лицето беше направен тест кој покажа негативен резултат и придонесе да стивне паниката меѓу вработените во болницата.

Ова денеска го потврди и гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков откако претходно се консултираше со раководните лица на болницата и на подрачната единица за јавно здравје.

-За медицинското лице вработено во ЈЗУ Општа болница во Гевгелија, кое беше тестирано од коронавирусот, добивме потврдни информации дека тестот е негативен, истакна Поцков.

Поради случајот и преземените превентивни мерки, вчера некои болнички одделенија работеа со намалени човечки ресурси, но од денека ситуацијата е нормализирана.

Градоначалникот Поцков упати апел до граѓаните да не се шири паника, да бидат дисциплинирани и смирени и да ги почитуваат препораките на надлежните околу грижата за сопственото и колективното здравје.им/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Насилна ноќ во Скопје: Пијан возач нападна полицаец, обид за прегазување на дете и серија тепачки низ градот

Левица: Свесно и ситемски се ништи македонската меморија – Ревизорите со негативен извештај за Државен архив

Синоќа опожарен автомобил и во скопски Аеродром