Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил објави негова фотографија со колеги од Институтот за јавно здравје, од авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за коронавирус.
– Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период, напиша Филипче. рп/ац/