Гостивар, 20 март 2020 (МИА) – Автобускиот превоз од Гостивар кон другите градови е редуциран и се одвива според вонреден возен ред. Сите превозниците кои се обраќаат од Гостивар го намалија бројот на линиите поради мерките кои се воведени за заштита од коронавирусот и намалениот број на патници.
Двете компании кои имаат редовни линии кон Скопје и од Скопје во работните денови возат во четири термини на поаѓаање и враќање. Од утре, за двата дена од викендот, бројот ќе се намали на две линии.
Намален број на автобуски линии има и кон Тетово. Превозниците тоа го објаснуваат со неисплатливоста и поради тоа што нема ученици и студенти кои се најбројните патници.
За патување со воз, од Гостивар кон Кичево и Скопје има само една линија. згм/мд/