Утрински Весник
Економија

Царовска упати благодарност до Комерцијална банка АД Скопје за предвременото уплаќање на дел од обврските кон државата

Картичките на Комерцијална може да се користат во трговијата и на дел од банкоматите

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска јавно се заблагодарува на Комерцијална банка АД Скопје за извршената уплата на 120 милиони денари одеднаш по основ на аконтативен данок на добивка за 2020 година.

Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерката, Комерцијална банка уплатата ја направи предвреме имајќи го предвид развојот на состојбите и сериозноста и опасноста на ширењето од вирусот Ковид-19 што укажува на високата свест и одговорност на оваа компанија.

– Со ваква одлука Комерцијална банка АД Скопје придонесува за поголема ликвидност државата и нејзиниот буџет коишто се целосно ставени во функција на справување со коронавирусот и поддршка на приватниот сектор, се вели во соопштението. мс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година