Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Има големи изгледи и позитивни сигнали од огромно мнозинство на земјите членки од ЕУ, меѓутоа дебатата не е до крај завршена. КОРЕПЕР не е тело што носи политички одлуки. Во моментов се уште се води дебата во ЕУ како да се одржи Советот за општи работи на 24, ова го изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на виртуелната он-лајн прес-конференцијата со германскиот државен министер за Европа Михаел Рот.
-Белгија ја „заклучи“ државата вчера и многу е тешко кој било од министрите на земјите членки да присуствуваат на Советот на 24 март во Брисел. Правниците расправаат дали е можно тоа да се изведе преку видео-врска и се надевам дека тука ќе се донесе правилна одлука. Мислам дека ЕУ ќе згреши многу ако прати сигнал дека е толку оптеретена со здравствената криза што не може ништо друго да прави. И ќе биде многу важно после волку многу работа и напор кога сме на чекор до тој зеднички успех, да се најде начин да се одржи 24 март за нас, за македонскиот народ. Мислам дека после искуствата од 2018 и 2019 година должни сме кон народот да бидеме внимателни и да чекаме да се заврши целосно работата пред да ги упатиме честитките. Изгледна е многу ситуцијата но не е до крај завршена работата во овој процес, рече Димитров на новинарско прашање да ја прокоментира изјаввата на вицепремиерот Османи за добиеното зелено светло од Брисел.
На новинарско прашање дали е усогласена новата меодологија меѓу земјите членки на ЕУ бидејќи некои членки како Бугарија имаат дадено свои забелешки и дали е можно да се донесе одлука за старт на преговорите без усвоена нова методологија, министерот Рот истакна дека не очекува таква блокада и оти и Берлин е фокусиран на изнаоѓање креативно решение како да се одржи состанокот на Советот за општи работи.
-Во Советот на министрите разговаравме за тоа. Имам впечаток дека меѓу земјите членки голем број се согласни. Во овој момент не гледам дека некој ќе ја блокира новата методологија. Актуелната криза не прави креатаивни. Се залагаме тука во Берлин за тоа и он лајн можностите на дигиталузациата треба да ги искористи и Советот. Можам да се согласам со Димитров, токму во ова време треба ЕУ да покаже дека можеме да дејствуваме и да донесуваме одлуки, особено во однос на проширувањето, рече Рот. вг/ац/