Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за лице од Охрид поради непридржување на мерката за самоизолација

Дваесетгодишник од Делчево со украдена картичка подигал пари од банкомат

Охрид, 19 март 2020 (МИА) – Полицијата поднесе кривична пријава против 63-годишниот А.М. од Охрид заради непридржување на мерката за самоизолација.

Во текот на вчерашниот ден при спроведена контрола кај лица на кои им се изречени мерки „здравствен надзор и домашна изолација“, полицајците констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржува кон мерките за 14-дневна самоизолација. Ден претходно кога авионски допатувал од Холандија во Скопје потпишал изјава дека поради тоа што доаѓа од земја што е на Листата од СЗО зафатена од коронавирус COVID – 19 ќе спроведе задолжителна самоизолација во својот дом во времетраење од 14 дена.

Со непридржување до одредбите во изјавата, тој ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство, за што против него е поднесена кривична пријава.

Од полицијата апелираат до граѓаните да се придржуваат на мерките за спречување на ширење на вирусот, со предупредување дека кривично ќе одговара секој што нема да се придржува до препораките и изречените мерки за изолација.  аб/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Насилна ноќ во Скопје: Пијан возач нападна полицаец, обид за прегазување на дете и серија тепачки низ градот

Левица: Свесно и ситемски се ништи македонската меморија – Ревизорите со негативен извештај за Државен архив

Синоќа опожарен автомобил и во скопски Аеродром