Утрински Весник
Македонија

Кривични пријави за девет лица кои не ги почитуваат мерките за време на епидемија

Во Битола викендот во сообраќај евидентирани 14 нерегистрирани возила

Битола, 19 март 2020 (МИА) – СВР-Битола поднесе кривични пријави за петмина битолчани, а Одделението за внатрешни работи Прилеп за четворица прилепчани за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Од СВР-Битола информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, кое согласно закон е казниво, поднесени се кривични пријави против пет лица, и тоа Р.Р., П.Р, Е.Р, Б.Р, С.Р, сите од Битола, додека Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривични пријави против четири лица, и тоа Т.Т(38), С.Т(68),Т.А(55) и А.Б(44), сите од Прилеп.

Пријавените за време на пандемија пристигнале во државата од ризични држави, при што при влез во државата од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат им биле издадени писмени Решенија за домашна изолација, кои тие не ги почитувале. мт/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца

Петровска: Тој што сакаше да посредува за хеликоптерите сега е советник на Мисајловски, ништо чудно да комуницира и со Филипче

Четворица повредени во сообраќајка во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал