Утрински Весник
Македонија

Вондредна  дезинфекција на училишта и градинки во Карпош

Вондредна  дезинфекција на училишта и градинки во Карпош

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Општина Карпош спроведува темелна, вонредна дезинфекција на сите основни училишта и детски градинки на своја територија, информираат од Одделението за односи со јавност на Општина Карпош.

Претходно, како што известуваат од оваа општина во февруари редовно беа дезинфицирани воспитно – образовните установи, а сега, како резултат на пандемијата на Covid – 19 (коронавирус), вонредно се дезинфицираат овие установи.

-Се користи посебно, специјализирано средство кое ги отстранува штетните честички од површините. Локалната самоуправа секојдневно ги чисти и јавните површини, платоа, плоштади и локални улици во Карпош. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирус, велат од Општина Карпош. оџ/ац/

 

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Костадинов: На сите анкети водам со 3:1, очекувам СДСМ да ме кандидира за градоначалник на Струмица

Пленковиќ: Македонија заслужува членство во ЕУ

АД ЕСМ: При испадот на Блок 2 од мрежата, извесно е дека ни се случи саботажа