Утрински Весник
Економија

ФИТР ќе го презентира новиот предизвик КРЕАТОН

ФИТР: Во претселекција 455 домашни компании од повикот за комерцијализација на иновации

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе одржи онлајн прес-конференција на која ќе бидат презентирани деталите за новиот предизвик КРЕАТОН, чија цел е прибирање идеи за развој на дигитални и други алатки и решенија наменети за различни старосни групи и категории на граѓани за побезбедно и поквалитетно справување со новонастанатите околности по прогласената пандемија од Ковид-19.

Како што наведуваат од ФИТР, предизвикот е поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и други партнери, односно експерти.

-Со овој повик ФИТР како одговорна институција се вклучува во напорите за подигање на свеста за почитување на препораките и ограничувањата за справување со епидемијата од коронавирусот и последиците од неа. Од друга страна, целта е да ги поттикнеме и мотивираме граѓаните, организациите и компаниите да развијат иновативни и креативни решенија за обезбедување подобар квалитет на животот во овие вонредни околности, наведуваат од Фондот.

Во согласност со мерките за превенција и со цел заштита на новинарите, прес-конференцијата ќе биде исклучиво онлајн и пренесувана на Фејсбук страницата и Јутјуб-каналот на ФИТР со почеток во 12 часот.

Претставниците на медиумите ќе можат директно да поставуваат прашања во инбокс на фејсбук-профилот на ФИТР и на адресата marija.ilic@fitr.mk за времетраењето на прес-конференцијата. вг/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија