Утрински Весник
Македонија

Регистрирани нови седум случаи на заразени со коронавирус, вкупно 42

Вкупно 26 заболени од коронавирусот, тројцата новопотврдени се од Скопје (ДПЛ)
Dik 300x250 mk

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил вечерва објави дека од 38-те лица кои беа тестирани попладнево, позитивни на коронавирус се седум лица, три од Дебар и четири од Скопје.
– Во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни осум кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се седум лица, тројца од Дебар и четворица од Скопје, напиша Филипче.
Тој наведе дека во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на корона вирус.
– Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија, посочи министерот.

Тој информира дека во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот. За резултатите од овие тестови ќе информираат во текот на утрешниот ден.см/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДИК одби уште три приговори за гласање во избирачки места во Шуто Оризари

Фатен на дело: Директорот на Агенцијата за земјоделство уапсен при примање мито (видео)

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција