Утрински Весник
Спорт

Шефот на Ла Лига верува дека шампионатите ќе продолжат во мај

Шефот на Ла Лига верува дека шампионатите ќе продолжат во мај

Мадрид, 18 март 2020 (МИА) -Шефот на Ла Лига, Хавиер Тебас, верува дека европските клупски фудбалски првенства можат да бидат продолжени кон средината на мај.

Причината за оваа изјава е ширењето на КОВИД-19 во Европа и во целиот свет.

– Во средината на мај можеме да се вратиме на европските клупски првенства и турнири. Станува збор за сите. Треба да се приспособиме и со ширењето на пандемијата. Можно е да биде и пред тоа, но сè треба да биде добро усогласено. Зависи од здравствените власти, а ние не сакаме да правиме големи промени. Во оваа ситуација, опциите не се толку многу. Ние, исто така, немаме начин да направиме долгорочни планови“, изјави денеска Тебас за „Марка“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига