Утрински Весник
Македонија

Пендаровски во 18 часот ќе ја соопшти одлуката за вонредна состојба

Пендаровски во 18 часот ќе ја соопшти одлуката за вонредна состојба

Скопје, 18 март 202 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во 18 часот ќе има вонредно обраќање на кое се очекува да ја соопшти одлуката за прогласување вонредна состојба во државата поради ситуацијата со коронавирусот.

Како што е објавено на Фејсбук страната на шефот на државата, обраќањето ќе може да се проследи директно на првиот сервис на МРТ, на албански јазик на МТВ2, на YouTube каналот и на ФБ.

Вонредната состојба треба да биде прогласена по предлог на Владата поради справување со ситуацијата со коронавирусот. Имајќи предвид дека Собранието кое е распуштено не може да се собере и да донесе одлука, собранискиот спикер Талат Џафери предлогот го проследи до претседателот на државата.вг/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот суд за модуларната болница, Ласкарци и редица други случаи

Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за Алта банка, Обвинителството мора да постапи

Обвинителството ќе постапи ако утврди елементи на кривично дело за Алта банка, Савески не открива дали е отворена предистражна постапка